За Зона 33

Мисијата на ЗОНА 33 е ЕФИКАСНО и ОДГОВОРНО менаџирање и организирње на собирање за повторна упoтреба, преработка и рециклирање на посебен тек на отпад.

ЗОНА 33 е непрофитна компанија која самостојно ги исполнува обврските за управување со масла и отпадни масла, согласно со Законот и добиената дозвола, согласно со прописите за проширена одговорност на производителот во управување со посебни текови на отпадот.

Што работи Зона 33?

  • воспоставува и организира систем со кој ќе обезбеди одделно собирање на отпадни масла, како и одделно собирање на отпадните масла што се создава од производите со цел нивна повторна употреба, преработка и рециклирање,
  • соработува со трговците кои пласираат производи по чија употреба се создава отпад,
  • соработува со општините и регионалните системи за управување со отпад и
  • презема активности за подигнување на јавната свест.

Историјат

Друштво за управување со отпад ЗОНА 33 ДООЕЛ Илинден е непрофитна компанија, самостоен постапувач основано од еден производител кое поседува дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање за самостојно исполнување на обврските за управување со масла и отпадни масла, согласно со Законот и добиената дозвола, согласно со прописите за проширена одговорност на производителот во управување со посебни текови на отпадот.

Основач на компанијата е производствената компанија 3СТ ДООЕЛ Илинден со повеќегодишно искуство во производство на моторни и индустриски масла, лоцирана во Скопје.

Целта на Зона 33

Целта на ЗОНА 33 е да изгради цврста и долготрајна соработка согласно европските регулативи, да се намали влијанието на отпадното масло врз животната средина и со тоа да се подигне јавната свест околу одговорниот однос кон отпадното масло. Сето ова би придонело кон поквалитетен живот кон околината и населението.

Видови отпад

Вкупното количество на отпад е посебен тек на отпад кој припаѓа на една група, во нашата компанија е масло и отпадно масло којшто настанува со употреба на одделни видови на производи што се пуштени на пазарот во Република Северна Македонија, за кое е одговорен производителот согласно со својот удел во вкупното количество од тој вид пласирани производи на пазарот во Република Северна Македонија.

Правила за постапување

За секоја група на отпад согласно со видот се применуваат посебни правила за постапување утврдени со Закон, како и со прописите кои го уредуваат управувањето со посебните текови на отпад. При постапувањето со текот на отпад се применуваат општите правила за постапување со отпад утврдени со прописите за управување со отпадот.

Постапување со посебен отпад

Видот на посебен отпад припаѓа на иста група на тек на отпад што настанал од отпадните производи што значи масла и отпадни масла и кој има посебна цел за управување со отпад којашто се однесува на собирање, повторна употреба, преработка и рециклирање утврдена во прописите за посебните текови на отпад.

Управување со отпадно масло

Посебна цел за управување со отпадно масло претствува одделна количина за собирање, повторна употреба, преработка и рециклирање на отпадното масло, со одреден квалитет на преработка и рециклирање што е утврдена во прописите за посебните текови на отпад, посебно за секоја група и вид на тек на отпад, која треба да ја постигнат производителите преку колективните односно самостојните постапувачи заради исполнување на својот удел во постигнувањето на националните цели на Република Северна Македонија.

Мисија на Зона 33

Мисијата на ЗОНА 33 е ЕФИКАСНО и ОДГОВОРНО менаџирање и организирње на собирање за повторна упoтреба, преработка и рециклирање на посебен тек на отпад, заради исполнување на обврските на Република Северна Македонија кои придонесуваат во глобалните напори за заштита на животната средина и одржливиот развој, како и во исполнување на својот удел во утврдените цели на Европската Унија.

Согласно Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад („Службен весник на РСМ“ бр. 215/2021) (во понатамошниот текст Закон за ПОП), ЗОНА 33 ДООЕЛ Илинден е самостоен постапувач, непрофитно правно лице основано од еден производител кое поседува дозвола за постапување со отпадни масла и кое во име и за сметка на производителот обезбедува постапување со отпадни масла.

Закон за проширената одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад

Закон за управување со дополнителни текови на отпад

Самостоен постапувач согласно член 5 став (1) точка 3 од Законот за ПОП, е производител кој самостојно ги извршува обврските за проширена одговорност кои се однесуваат на управување со посебните текови на отпад, врз основа на дозвола издадена од стручниот орган согласно со одредбите од овој закон,  како и одредбите од прописите за управување со отпад и прописот кој го уредува управувањето со текот на отпад што го создава.

Масласогласно член 7 став (1) точка 8 од Законот за управување со дополнителни текови на отпад (во понатамошниот текст Закон за управување со ДТО) се минерални, синтетички или индустриски масла, во течна или во полутечна состојба, маслата за менувачки кутии, како и масла за турбини и хидраулични масла.

Отпадно масло согласно член 7 став (1) точка 9 од Законот за управување со ДТО е масло кое крајниот корисник го исфрла, има намера да го исфрли или од него се бара да го исфрли. Отпадните масла се сметаат за какви било полутечни или користени течни производи целосно или делумно составени од минерално или синтетичко масло, вклучувајќи ги и мрсните остатоци од резервоари, смеси од масло и вода и емулзии (во понатамошниот текст отпадно масло);

Сите дефиниции употребени во овој Договор се во согласност со Законот за проширена одговорност на производителот („Сл. Весник на РСМ“ бр. 215/2021), Законот за управување со дополнителни текови на отпад („Сл. Весник на РСМ“ бр. 216/2021), Законот за управување со отпадот („Сл. Весник на РСМ“ бр. 216/2021) како и подзаонските акти донесени согласно истите.

Дејноста на ЗОНА 33 во управувањето со масла и отпадни масла вклучува збир на активности на водење на евиденција за количините на производите што се пуштаат на пазарот и на отпадот што се создава од нивната употреба за кој е одговорен, како и организација на операции за собирање, транспортирање, складирање, повторна употреба, преработка, рециклирање и отстранување на посебен тек на отпад, вклучувајќи и обврска за грижа дека овие операции се спроведуваат согласно со прописите од областа на управување со отпадот, вклучително и спроведување на активности за информирање и подигнување на јавната свест за постапувањето со отпадните масла.

  • воспоставува и организира систем со кој ќе обезбеди одделно собирање на отпадни масла, како и одделно собирање на отпадните масла што се создава од производите со цел нивна повторна употреба, преработка и рециклирање,
  • соработува со трговците кои пласираат производи по чија употреба се создава отпад,
  • соработува со општините и регионалните системи за управување со отпад и
  • презема активности за подигнување на јавната свест.

Според Законот за управување со дополнителни текови на отпад, кој е влезен на сила од 01.01.2024 година, со кој наведува дека сите компании  Производителот кој пушта на пазарот во Р. С. Македонија производи од членот 5 став (1) од овој закон, е должен да плати надоместок за управување со отпадни производи во износ од 150 мкд/кг за масла.

Според Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебни текови на отпад член 38, Надоместокот од ставот (1) на овој член не може да биде помал од 30% од висината на надоместокот за тој тек и посебен вид на отпад кој е утврден во соодветниот пропис за посебниот тек на отпад, освен во случаите определени од членот 68 од овој закон.

Контакт

ЗОНА 33 – Друштво за управување со отпад Илинден
ул. 21, бр. 8, Илинден, 1000 Скопје
(02) 2550 400
monika@3st.com.mk